Beauty is our expertise

Ги заслужуваш најдобрите третмани за убавина.

За нас

Ексклузивно место каде клиентите уживаат во врвни третмани за убавина

Повеќе од 14 години се грижиме за убавината. Нудиме низа услуги според најновите трендови. Нашиот тим професионалци со сертифицирано знаење се грижи за врвна услуга на нашите клиенти.

Наши услуги

Нега на нокти

Маникир, педикир

Нега на тело

Депилација, масажи, солариум

Лице

Надградба на трепки, трајна шминка, веѓи

Третмани

Козметички третмани на лице и тело

Услуги

Нокти

Маникирот е најчеста козметичка услуга која ја даваат козметичките салони. Во нашиот салон ги нудиме следниве услуги

Маникир

Гел лак

Педикир

Педикир

Здрав и убав изглед на вашите нокти и стапала.

Руски педикир

Педикирот се изработува со електрична машина со професионални дискови за секој клиент засебно. Хигиената во нашиот салон е на високо ниво и сите материјали се стерилизираат. Обезбедуваме квалитетна и безбедна услуга за нашите клиенти.

Парафинска терапија за раце и нозе

Парафинот е третман кој придонесува за моментално освежување и омекнување на дланките и стапалата.
Се препорачува кај лица со атопична кожа или во зимскиот период кога кожата е посува и погруба. Првите разлики се забележуваат веднаш по третманот.

Услуги

Нега на тело

Топла и ладна депилација

Депилација е еден од најраспространетите начини за отстранување на несаканите влакна. Најдобро кај депилацијата и што влакната се отстрануваат од коренот и кожата е мазна во текот на 2-6 недели.

Ласерска епилација

Ласерско отстранување на несаканите влакна од сите делови на телото. Бројот на третмани е индивидуален. Кај секој клиент зависи од квалитетот на влакното и пребојувањето на кожата. Најчесто се пожелни 4-6 третмани.

Мадеротерапија

Спаѓа во антицелулитен третман, ја стимулира лимфата и е прв чекор за борба против целулутот. Овој третман се работи со дрвени окалгии, потекнува од Колумбија. Техниката на оваа масажа подразбира сериски движења кои се повторуваат користејќи разни дрвени елементи. Применувајќи ги овие елементи на масните наслаги и целулитот го стимулираат лимфниот систем и телото се ослободува од токсини, токсините го поттикнуваат метаболизмот да ги согорува мастите. Ги разбиваат џебовите од упорниот целулит, се намалуваат отоците и се овозможува израмнување на кората од портокал.

100% природна 100% нема контраиндикации 100% неинвазивна

Г5

Високофрекфентна машина за масажа против целулит

  • За слабеење и обликување
  • Циркулација
  • Смирување на нервниот систем
  • Опуштање на мускулите

Антицелулитни масажи за елиминирање на целулитот

Масирањето е одличен начин за разбивање на масните наслагиПостојат три вида целулит:

  • Водени-кој е видлив и тврд на допир
  • Површински- кој се гледа со голо око
  • Длабински- кој не се гледа со голо око ама при допир знае да загребе под кожата

Бамбус масажа

Спаѓа и во антицелулитна, а може и релакс масажа

  • Ја поттикнува циркулацијата
  • Ја ослободува напнатоста

Дел од услугите кои ги нудиме за потемнување вклучуваат:

Солариум

Со користење на солариум се добива убав и рамномерен тен што прави да се чувствуваме попривлечни. Солариумот е форма на релаксација. УВ зраците го стимулираат телото да произведува витамин Д.

Спреј тен

До идеална боја за 5 минути. Резултатите се природни и задоволителни.

Што треба да направите пред третманот:
  • Избричете се 12 часа пред третманот
  • Отстранете го мртвиот слој користејќи пилинг
  • Преспијте ја вечерта без туширање.

По апликација тенот останува од 7 до 10 дена.

Услуги

Нега на лице

Трајна шминка

Изберете BB Glow – за соврштен тен и креирање на долготрајен ефект на шминка, за поубав изглед и поголема самодоверба.

Надградба на трепки

Популарна техника која овозможува за подобар израз на очите и долготраен ефект на обликот на трепките.

Lash lift

Техника за креирање на природен изглед на трепките без употреба на вештачки трепки, за попривлечен и отворен изглед на очите.

Пудер веѓи

Популарен продукт за убавина кој се користи за исфрлање на веѓите и додавање на обем, што ги подобрува и ги дефинира веѓите, за попривлечен и изразен изглед на очите.

Услуги

Третмани за лице и тело

Најпопуларен третман за длабинско чистење на кожата, прочистување на пори, хидрирање и појачување на микроциркулација.

Овој третман е наменет за решавање на проблематична кожа од акни.

Под хемиски пилинг се подразбира нанесување „хемиски“ на кожата, ексфолијација на задебелената кожа или кожа оштетена од сонце, производство на колаген и цврста и сјајна кожа.

Познат како микронеепоилинг. Се нанесуваат микроповреди на кожата, предизвикува синтеза, производство на нов колаген. Се користи:-брчки, околу очи, чело, врат, деколте-лузни од траума , лузни од акни-стрии, лабава кожа-пигментација-подобрување на состојбата на скалпот

Апарат со специјална електрода. Кога доаѓа во допир со кожата создава плазма енергија каде се создава микроопекотини кои поминуваат во рок од седум до десет дена. Се користи за:-затегнување на опуштена кожа-пушачки брчки-марионетски брчки-лузни, лузни од акни, стрии-спуштени капаци

Спаѓа во третмани за подмладување. Овој третман ја загрева длабоко кожата, дренира, ги елиминира токсините, ги намалува несаканите „вреќички“ околу очите. Освен на лице се работи на врат и на деколте.

Ултразвучно чистење на лицето со моментално видливи резултати. За време на третманот се врши микромасажа на лицето, се чистат насобраните нечистотии на кожата, се отвораат порите и се извлекува нивната содржина (себум).

Со загревање на кожата поттикнува микрозагревање и придонесува до регенерација и создавање нов колаген. Кожата станува сврста, подмладена, затегната и ги намалува брчките. Се користи и за терапија на стрии и свежи лузни.

Lorem Ipsum is simply dummy text of the printing and typesetting industry. Lorem Ipsum has been the industry's standard dummy text ever since the 1500s, when an unknown printer took a galley of type and scrambled it to make a type specimen book.

Третман кој прави магија на вашето лице. Најпопуларен третман за затегнување на кожата и намалување на брчките. Богати со пептиди и колаген. Колагенот е протеин кој го има во нашата кожа, кожата ја прави помазна и позатегната.

Третман каде со микроиглички се вбризгува полутрајна шминка на површината на целото лице. Освен што изгледа како да е нанесена BB крема го поттикнува и колагенот

Тропикален филтер хијалуронска киселина-Без игла, безболен, без оток и контраиндикацииСочувајте ја вашата младост на потполно природедн начин

-Контура-Лифтинг-Полира-Изедначува тен-мазен и затегнат изглед

No-tox botox маска ја затегнува кожата и ни кажува каде кожата е највеќе дехидрирана и опуштена. Прв третман во козметиката кој на природен начин ја затегнува кожата давајќи и сјај и волумен-без контраиндикации-безболен-без игла

Green sea peel- решение за сите разни кожни проблеми на лице и телоТие вклучуваат-кожа со големи пори-нечиста кожа-лузни-кожа склона на предвремено формирање брчки-хиперпигментации-стрии

Ултра звучна кавитација е безболна метода со која се намалуваат масните наслаги на точно определени места. Се користи на:-стомак-колкови-бутови-внатрешниот дел на колената-надлактициОвој третман го препорачуваме после породување за затегнување на стомак.

Најнов метод на слабеење. Составен од специјално дизајнирани мултидиоди со 76 ласерски ладни црвени зраци. Безболен третман за затегнување на кожата, го затоплува ткивото, ја подобрува микроциркулацијата и со тоа се намалува појавата на целулит. За неколку недели овој третман помага да се изгубат 5-6цм од колковите.

Третман кој трае 30 минути. Криолиполизата е безбеден и безболен третман. Третманот е еден од најефикасните методи за елиминирање на масти, 25% од само еден третман. Овој е идеален третман за оние кои со диети и вежбање на успеале да се ослободат од критичните места. Станува збор за ладна метода: крио-мраз, липолиза-хемиски дефект на мас ни наслаги. Масните наслаги се кристализираат на одредена температура, потоа се распаѓаат и се исфркаат преку лимфен систем од 3-8 недели. На иста регија постапката се повторува после 3 недели. Резултатите се поголеми ако се комбинира со други третмани.

Најнова метода за професионални третмани за слабеење и елиминирање на целулитот. За добар ефект се препорачуваат пакет од 6-12 третмани. Vacuslim 48 антицелулит и слиминг метода може да се користи како самостоен пакет и во комбинација со други третмани. -Видлив намалување на обем-Подобрување на изгледот на тонусот на кожата-Елиминација на вишок течности

Револуционерен третман за зацврстување и поткревање на тонусот на кожата. Радиофрекфенцијата го стимулира производството на колаген на кожата, ја прави нежна, еластична и и дава младешки изглед. Третманот трае 30 минути. Веднаш може да се вратите на секојдневните обврски. Се користи на:-Зоната околу очи-Лице, образи и чело-Врат-Деколте-Грб-Струк и стомак-Раце-КоленаЗа подобри резултати се препорачуваат 6 третмани на 3 недели растојание.

Едноставна и безболна. Потпомага за намалувањена целулитот на телото. Ги израмнува поткожните наслаги на маснотија и кожата станува поеластична.

Портфолио

Галерија

Контакт информации

Контакт

Адреса

Гоце Делчев 39, Гостивар, Македонија

Телефон за контакт

+389 78 227 728

Работно време

Понеделник-Сабота
10:00-20:00

Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
Вашата порака е испратена, благодариме!